Модни стандардни критериуми задолжителни за на работа

4 јули 2014

Книгата изобилува со информации односно тајни за тоа како да ја работите работата од вашите соништа или пак да бидете успешни на социјалните медиуми, но до излегувањето на книгата, ќе ви понудиме правила кои според Ализа се пресудни за градењето на кариера.

Вечерен стајлинг- Одењето на работа и проверувањето на мејлови или пак пиењето кафе во кратко мини здолниште или мини фустан ни најмалку не е дел од деловниот дрес код. Наместо тоа, облечете кошула и комбинирајте ја со здолниште со А – крој.

Длабоко деколте – Дури ни Мерилин Монро не би поминала успешно доколку во канцеларија би се појавила со длабоко деколте бидејќи испраќа погрешна порака до останатите вработени. Наместо тоа, заменете го деколтето со некое пристојно парче и тоа закопчано до последното копче.

Хигиена – Мислите дека масната коса или темните нечистотии по вратот ќе поминат незабележително? Таквата појава само ќе го натера вашиот претпоставен да не ве сфати сериозно за работата. Доколку сепак немате доволно време за сушење на косата, постои решение – односно се работи за шампон за суво миење на косата кој во последно време станува се поактуелен.

Впечатлива боја на градник – Долната облека треба да биде ваша приватност, а не да биде во центарот на вниманието. Доколку носите транспарентно парче облека, задолжително облечете градник во беж неутрална нијанса.

Бидете секогаш дотерани – Ова правило особено е важно во модниот свет бидејќи таму најчесто прво се суди според првичниот впечаток -  аутфитот бидејќи може луѓето нема да имаат шанса да ја проценат вашата интелегенција. Доколку не сте сигурни во аутфитот, само запрашајте се – Дали мојата шефица би го носела ова?

Згужвана облека- Подобро да ја надминете мрзата и да ја испеглате облеката бидејќи колку и да е добар стајлингот, целосната слика ќе ја уништите доколку сте згужвани. Наместо тоа инвестирајте во добра пегла.

Купувајте неопходни парчиња – Тоа значи дека парчињата кои ги купувате за работа треба да бидат пред се класични. Токму затоа купете сако, панталони, салонки и впечатлива чанта, кои ќе може да ги комбинирате и со други парчиња.

Објавено:
4 јули 2014
Категорија: 
Направи сам