Најпопуларните велигденски јајца на Инстаграм

29 април 2021

Доколку инспирацијата за велигденските празници ја барате на Инстаграм, тогаш сигурни сме дека сте ги виделе оние што се реплика на принтовите кои обожувавме да ги гледаме на ѕидовите изминатава година.

Како да го аплицирате на велигденски јајца?

Првин, подобро е да имате сварени бели јајца.

Второ, потребни ви се водени или акрилни бои и маркер.

На одредени места на јајцето нанесете боја, најчесто е розова нијанса или златни, беж нијанси. Откако ќе се исуши бојата, врз јајцето на саканото место, со маркер исцртајте ја формата што ви се допаѓа - може да биде лик, или цвет, гранче...

Оваа естетика е толку популарна, што во САД и некои европски држави можат да се најдат дури и стикери, за оние што можеби и не ги бидува толку за цртање.

Во продолжение ќе ви претставиме неколку примери за инспирација, па зошто да не пробате нешто ново оваа година кога се велигденските јајца во прашање?

 

Објавено:
29 април 2021
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.641 пати
Тагови: 
Велигден