Накит од рециклирани весници – направете го дома според идејата на уметницата Тања Богоевска

24 март 2020

Веројатно досега сте слушнале за креативната работилница „Kerakamika" која сама за себе е еден мал креативен универзум каде се создава магија. Уметницата Тања Богоевска е дел од тимот што стои зад овој проект кој има за цел да ви го зачини животот со фантазија, корстејќи го целиот уметнички потенцијал на керамиката.

Но, покрај керамика, Тања изработува декоративни елементи и накит користејќи рециклиран материјал. Ем модерно, ем еколошки!

Ја исконтактиравме и ја замоливме со нас да сподели еден од нејзините „рецепти" за тоа како сами и во домашни услови, рачно да изработиме накит со кој ќе може да се пофалиме дека е наше дело.

Состојки:
-стари весници
-дрвофикс
-бои
(Секако вашата креативност е клучна)

Значајно е да се напомене дека добиениот материјал е водоотпорен, многу лесен, а со тоа идеален за ѓердан.

Целата процедура е објаснета преку фотографиите во продолжение.

Ќе се обидете ли и вие?

На овој линк ќе го најдете Инстаграм профилот на „Kerakamika“ со уште многу идеи како да изработите различни декоративни елементи од керамика.

 

Објавено:
24 март 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.342 пати