Направете мали уметнички дела на трпезата за кратко време!

1 март 2014

Ви се најавија гости во последен момент, а вие сте позната како кралица на модерните јадења? Воопшто не тревожете се, ние ви ги откриваме тајните на тоа како за краток период од сосема обични намирници да направите вистинска уметост на трпезата.

Соберете буквално сѐ што имате во ладилникот и обидете се да го извадите најдоброто од тоа. Мини сендвичињата се секогаш најбрз и најдобар избор, а за подготовка на истите не ви е потребно многу време.

Исечете едно француско лепче на многу кришки и одозгора направете вистинска мала уметност. Сите намирници исечкајте ги на тенки кришки и украсете го лепчето. Пармезанот, печурките, доматите, пиперките, маслинките и зелените салати се секогаш најдобриот избор и нешто со што можете брзо да се снабдите.

За да ги изненадите гостите со прекрасни уметнички јадења на масата, обичните грицки претворете ги во нешто спектакуларно и уникатно. Од навидум обичните пуканки, направете вистинско креативно и вкусно јадење. За гостите – љубители на зачини, пуканките пропрскајте ги со многу кари зачин и малку црн бибер за единствен вкус. За оние другите пак, во длабокиот сад пуканки ставете и една рака бадеми, индиски оревчиња, малку рукола, рендан пармезан, а доколку сте во можност направете и благи пуканки, односно во обичните додадете М & M шарени бонбони, оревчиња и попрскајте ги со малку топено чоколадо.

За десерт, направете сосема обично тесто за бомбици што не се пече, и валкајте ги топчињата во бело и црно чоколадо, мрвици, мед и било што друго што ќе ви текне.

Секако, за ова ќе ви треба и малку помош, па на вашиот партнер доделете му ја обврската да ви ги набави сите намирници додека вие „креирате“ во кујната.

И да, додека гостите ве запознаваат со новостите, кришум направете и по некој брз коктел!

Објавено:
1 март 2014
Категорија: 
Направи сам