Обетките со реси се вистински тренд оваа сезона. Ако сте трпеливи и креативни, тогаш нема сомнение дека и сами можете да си направите такви, а ние во продолжение ви презентираме и како.

Потребни ви се свилен конец во саканата боја. Можете да комбинирате и повеќе, во зависност од тоа со што сакате да ги комбинирате. Потоа, ви требаат ножици, иглички, делови за закопчување на обетки кои можете да ги најдете во продавниците за изработка на накит и клешти за превиткување и сечење.

Упатство:

Чекор 1. Измерете ја должината што сакате обетките да ја имаат, потоа помножете ја со два и во таа должина исечете го свилениот конец. Што повеќе конец има, обетките ќе бидат погусти.

Чекор 2. Свиткајте ги собраните конци на половина, па преку средината префрлете еден пократок конец и врзете го во јазол. Вишокот исечете го.

Чекор 3. Игличките со ченгелчиња протнете ги низ т.н капи за обетки и залепете ги со лепак, за да може подобро да се држат конците.

Чекор 4. Потоа провлечете го конецот со кој ги врзавте останатите и затегнете ја игличката за конците да се најдат под капата.

Чекор 5. Крајот на игличката свиткајте го така што ќе направите ченгелче, па остатокот обвиткајте го, на тој начин да направите отвор за делот за закопчување на обетката.

Чекор 6. На крајот, кроз тој отвор, протнете го елементот за закопчување и обетките се готови.

Објавено:
4 август 2015
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
3.322 пати