Направете сами: Голема Петар Пан јака како моден додаток
•
2 февруари 2021
Oversize јаките се тотален моден хит сезонава. Го облелувате омилениот џемпер, ставате јака и дотерани сте!
Модните писти беа преплавени со идеи како да ја носите јаката, а ние ви нудиме мал туторијал како сами да го направите овој моден додаток.
Шаблонот направете го по примерок на некоја стара блуза и исцртајте го на најлон или проѕирна хартија.Шаблонот пресликајте го на материјалот, а потоа прецизно исечете. Вметнете ја траката помеѓу двете страни, а потоа сошијте на машина за шиење. Превртете ја јаката, а по желба може да ја декорирате.