Направете сами: Здодевната еднобојна фотелја, освежете ја со принт

14 април 2021

Промените на мебелот во домот не секогаш значат збогум за старите парчиња и купивање нови. Понекогаш, доволно е само да ги освежите со нов штоф, нова боја, нови детали. 

Идеја за мало освежување во домот е оваа од блогот Sugar & Cloth, кои фокусот го ставаат на освежување на еднобојна фотелја. 

Потребни алатки за да направите редизајн на старата фотелја:

Еднобојна фотелја - правоаголна четка од сунѓер - четка од сунѓер која прави кружни форми - две бои за текстил по избор - спреј за ногарките (доколку се гледаат)

Подготовка:

Извадете ги ногарките, испрскајте ги со спреј и оставете ги да се исушат.

Извадете ги перниците и со помош на правоаголната сунѓереста четка и една од боите, направете полукругови (како на фотографијата). Истиот облик повторете го и на самата фотелја.

Штом се исуши бојата, искористете ја другата четка, што остава кружни отпечатоци, за да направите точки помеѓу полукруговите со друга боја.

Оставете да се исуши, вратете ги ногарките и уживајте во освеженото, редизајнирано парче мебел.

Објавено:
14 април 2021
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
949 пати