Направете си сами чанта во поп арт стил

25 февруари 2015

Доколку сакате да венесе свежина во вашиот пролетен имиџ, еве еден интересен предлог: направете си сами чанта во поп арт стил.

Највпечатливиот момент во однос на овој стил е богатиот колорит и слободата во креативното размислување. Затоа она што ви е потребно пред се’ е голема доза имагинација.

Следно, одберете чанта која ќе ја модифицирате. Најдобро би било истата да е еднобојна и тоа во некоја интензивна боја како на пример: јака жолта, сина или црвена.

Секако може да искористите некоја чанта подзаборавена во плакарот на вашата мајка, на пример некоја винтиџ клач чанта или таква со кратки рачки. Откако ќе се решите за чантата, следен чекор се декоративните елементи. Ограничувања не постојат. Во игра се различни мотиви, изработени од различни материјали и бои. Може да користите амблеми или апликации со слогани, цртани ликови или пак различни форми. Исто така може сами да се обидете рачно да нацртатате мотив по желба, па дури и стрип приказна.

Тоа како ќе ги распределите повторно зависи од вас, само внимавајте при тоа да не ја оштетите чантата.

Истите може да ги зашиете со конец или да ги залепите со лепак за кожа или супер лепак, но имајте на памет дека никој од вас не очекува тоа да изгледа совршено. Битно е да се забавувате во кретативниот процес во создавањето на вашата уникатна поп арт чанта.

Објавено:
25 февруари 2015
Категорија: 
Направи сам