Направи-сам креативност: Од стари креации прави нови и трендовски

16 јуни 2020

Кејтлин Трантам е 33-годишна Американка која смислила креативен начин да заштеди на облека. Како мајка на три деца и сопруг војник, таа секогаш се трудела да биде практична и рационална во организирањето на животот.

Периодот на изолација предизвикан од пандемијата на Ковид-19, ја натерал уште повеќе да ја разбуди креативноста. Така, веќе носени (нејзини, на нејзината мајка...) или купени парчиња од „Second hand shop“ ги претвора во актуелни модели.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by c a i t (@caitconquers) onMar 25, 2020 at 1:41pm PDT

Како вели, си има поставено лимит да не купува облека поскапа од 10 долари. Ќе го одбере парчето што ѝ се допаѓа и го трансформира.

Така започнува сè поинтензивно да му се посветува на шиењето, па конечно почнала да си шие и облека за себе.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by c a i t (@caitconquers) onMar 23, 2020 at 6:35am PDT

 Во продолжение ќе погледнете дел од нејзините трансформации и дел од приказната што стои зад нив. Браво за нејзината креативност, посветеност, истрајности и снаодливост:

  „Ништо премногу драматично, но среќна сум што успеав да го прилагодам на себе. Ми се допаѓаат апликациите, но беше премногу голем, затоа го стеснив и сега е одличен“.

 

„Мој фустан од 80-тите кога бев деверица, е претворен во совршен пинк фустан за забави од 1950-тите. Материјалот лесно се распарува и не се пегла, така што не беше воопшто лесно да се преправи“.

„Од фустан за мајка во парк, до вечерен фустан. Го купив за само 4 долари“.

 

„Не ме мразете поради апликацијата со паунови пердуви на предниот дел, иако бев изненадена дека во видеата предложувавте да не ја вадам.Како и да е, овој фустан беше навистина тежок за преправка, имаше многу слоеви тул, материјал, патент, кој морав да го извадам, па повторно да го ставам. Ова беше вистински тест за моите способности“.

 

„Ова  здолниште го купив за 3 долари, но никаде не можев да најдам и топ за него. После долго размислување, осмислување и цртање, успеав да направам целосен фустан, а притоа да не ја изгубам должината. Да се биде низок беше предност овој пат. Ме инспирираше фустанот што Тејлор Свифт го носеше на „Златните глобуси““.

 

„Го купив фустанот затоа што има преслатки копчиња во форма на сончоглед. Мислев да го преправам во фустан што ќе има нота од 90-тите, но силуетата наложи да се задржам на 1950-тите“.

 

 

фото: Instagram

Објавено:
16 јуни 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.331 пати