Направи сам: Масивен ѓердан од бисери

8 октомври 2013

Овој ѓердан е многу лесен за изработка, а притоа е уникатен и лесно може да се трансформира. Се што ви е потребно е: 3 реда бисери во различни нијанси, може и во иста нијаса, сатенска лента, запалка,ножици, брошови и превезоци.

За почеток, удвојте ги  3-те реда нишки од бисери

Потоа земете ја сатенската летна и со запалката поминете ги краевите од двете страни, истата постапка повторета ја и до другото сатенско парче

Од обете страни на бисерите врзете ги сатенските ленти во чвор

Во следниот чекор,увртете ги бисерите неколку пати

Веќе сте на крај, а најинтересното е што лесно можете да ја менувате сатенската лента како и брошот. На тој начин секој ат ќе имате нов ѓердан. Пробајте!

 

 

 

Објавено:
8 октомври 2013
Категорија: 
Направи сам