Направи сам: Освежете ги старите балетанки со тренди лисица!

21 јули 2014

Балетанките со животни како украс на предниот дел, оваа сезона се вистински must have!

Доколку досега не успеавте да си набавите едни, сега е вистинското време да си направите исти такви дома.

Она што ви е потребно се еднобојни балетанки чија предна површина е доволно голема за да можете на истата да прикачите мало животинче како украс.

Во случајов, потребни ви се балетанки во црна боја, малку бел, црн и портокалов материјал, конец за шиење, ножици и лепак.

Почнете со тоа што ќе најдете скица од глава на лисица во одредена големина (зависи од површината на балетанките), и ќе ја исцртате на портокаловиот материјал со фломастер.

Веднаш потоа, исечете го делот од материјалот каде ја нацртавте скицата и почнете со шиење на материјалите во другите бои како што е претставено на фотографијата.

Портокаловиот материјал од кој што ја исековте лисицата погрижете се добро да го зашиете со конецот на црниот материјал кој што ви служи како подлога.

 

Откако ќе завршите со тоа, внимателно исечете по линијата на црниот материјал со тоа што ќе оставите мал дел за да се соедини со црната боја на балетанките.

На крај, внимателно со лепак или пак со силикон залепете ја лисицата на балетанките и воопшто не се грижете ако нешто изгледа несовршено, бидејќи убавината е токму во несовршеното!

Уживајте во освојувањето на новите патишта со вашите уникатни балетанки!

Објавено:
21 јули 2014
Категорија: 
Направи сам