Во ек на свадбените и матурски прослави, време е да се потсетиме на сите чевли што ги имаме во плакарот, а што можеме да ги комбинираме со нови, шик парчиња.

Доколку имате некои омилени, но сметате дека не се соодветни со стајлингот што веќе го одбравте за некоја претстојна прослава, тогаш време е за „направи сам“.

На многу едноставен, лесен и брз начин можете да ги претворите омилените високи потпетици или сандали во сосема нови чевли додавајќи им неколку шик детали што можете сами да ги изработите.

Ако отсекогаш сакавте чевли со впечатлива панделка, а никогаш не ги најдовте оние совршените, сега можете да си направите сами.

Сè што треба да направите е да најдете некој нежен материјал, по можност тул во некоја интересна боја и да отсечете доволно за да направите панделка. Истата врзете ја во предниот дел, ако станува збор за сандали, или пак поставете ја одзади со некој доволно цврст лепак.

Доколку не сте девојка на која панделките и се фаворит, тогаш набевете си пом – пом топчиња и залепете ги во предниот дел на чевлите или сандалите со ремче, со што ќе добиете целосно нов изглед.

На истиов начин, чевлите можете да ги освежите со разни цветови, со впечатливи украси, пердуви, сатенски ленти и што уште не.

Ние имаме неклку предлози за тоа што можете да правите овој викенд!

Објавено:
16 мај 2019
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
920 пати