Не мора да имате голем талент за цртање или пак скап инвентар со алатки, за да постигнете супер ефект при декорирањето и разубавувањето на ѕидовите во собата на вашите деца.
Некогаш добрата идеја и вештата реализација се клучни.
Постојат бројни идеи и трикови како да постигнете максимален ефект, на многу едноставен начин, што секој може да го постигне со малку посветено време и труд.
Така на пример, доколку сакате на основата на ѕидот да поставите идентични форми што заедно ќе создадат симпатична целина, тогаш сè што ви е потребно е картон на кој ќе ја дефинирате посакуваната форма, а потоа одберете една или комбинација од бои што ќе ги нанесете.
Облачиња, ѕвездички, балони, геометриски форми... Нека ве води фантазијата.
Сакате да експериментирате? Земете ја четката во рака, одберете го омилениот колорит и создавајте апстракција или пак принт.
Стикери? Зошто да не. Едноставен и брз начин како да постигнете максимален ефект. Одберете ги омилените и залепете ги со одреден распоред или во одредена композиција.
Фото: Пинтерест