Направи сам: Украсни празнични венчиња

29 ноември 2018

Ако веќе размислувате за празничните декорации, ние во продолжение ќе ви дадеме два предлога како да направите уникатни венчиња.

Првиот пример е со украсни панделки, а другиот со светилки во боја.

И во двата случаја ви треба кружна форма од дрво или стиропор и силикон. Ако се одлучите за стиропор, тогаш обрачот обложете го со селотејп хартија, за стиропорот да не се стопи. 

Уште нешто: Обрачот нека биде и широк два до пет сантиметри за да можете да ги лепите панделките или сијаличките и странично и да изгледа пополно.

Панделките можете да ги купите готови или пак да ги направите сами со украсни летни, какви што има во цвеќарите. 

Сијаличките пак, можат да бидат во различни бои и димензии. Ако се стари и нефункционални можете да ги доукрасите со светкава прашина, да ги обоите и слично. Доколку пак се во функција, откако ќе ги обвиткате околу обрачот, уклучете ги во струја и магијата ќе започне.

 

Кој од овие два предлога ви се допаѓа повеќе?

Објавено:
29 ноември 2018
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
441 пати