Навраќање во детството: Улијана Сергенко дизајнираше шаблони за облека од хартија што може бесплатно да ги превземете од Интернет

22 април 2020

Се сеќавате неодамна низ нашите содржни се потсетивме на една заборавена, а толку омилена игра од детството: моделирање облека од хартија, и ви ја предложивме како активност со која може забавно да го исполните вашето време во изолација?

Сè уште сме на оваа тема, благодарение на познатата руска дизајнерка Улијана Сергенко.

Очигледно, времето поминато дома е солиден простор за нови идеи, а во случајов инспирирани од стари детски игри.

Улијана креираше шаблони за облека од хартија и истите ги постави онлајн за секој што ќе посака да може да ги превземе бесплатно!

За поновите генерации кои што можеби прв пат ќе се соочат со оваа активност, дизајнерката постави упатство како се игра оваа забавна игра која отвора простор за широка и богата имагинација, што е одлична солуција како вашите деца во домашни услови да ги задоволат своите креативни апетити.

Инаку дизајнерката е препознатлива по својот бајковит пристап во креирањето облека во чиј дизајн секогаш е оставен простор за рускиот фолклор и ретро дамската естетика.

 

 

 

 

 

Објавено:
22 април 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
380 пати