Не фрлајте ги: 7 начини како да ги искористите ќесичките од нови обувки и облека

17 септември 2020

При секое купување обувки и одредени парчиња облека, наоѓаме по некоја скриена ќесичка со гел, чија функција е да ја впива влагата и да ги штити парчињата.

Ние често ги фрламе, а всушност можат да ни се најдат во секојдневието.

Во продолжение прочитајте во кои седум ситуации овој гел може навистина да ни се најде:

1. Ако ви паднал телефонот во вода

Наполнете сад со овие вреќички и тие ќе ја впијат сета вода која навлегла во мобилниот. Некои тврдат дека овој начин на спасување на телефонот е далеку поефикасен отколку тој со оризот.

2.Ако сакате да сочувате стари фотографии

Во кутијата во која ги чувате старите фотографии ставете ги кесичките со гелот и тој ќе спречи да се создава влага во кутијата, која пак би ги уништила фотографиите.

3.Ако сакате да ја заштитите шминката

Во несесерот со шминка ставете една-две вреќички и тие ќе го спречат претераното сушење на пудрата и козметиката на база на пудра, поради што и се нанесува потешко.

4.Ако имате непријатни мириси во торбата со опрема за вежбање

Овие гелови ќе ви помогнат така што ќе ја впијат влагата која се собрала во патиките и облеката после вежбањето, особено имајќи предвид дека многумина после тренингот ја оставаат опремата и по цел ден, а и подолго да стои во торбата. Бактериите уживаат во влажни средини, па со овие гел-ќесички ќе го спречите и непријатниот мирис.

5. Ако сакате крпите за бришење да ви мирисаат убаво што подолго

Неколку вреќички со гел ставете меѓу убаво здиплените крпи. Чудниот мирис што излегува од вреќичките всушност помага за впивање на останатите непријатни мириси.

6. Ако сакате да спречите предното стакло од автомобилот да ви замрзне

Ни доаѓа постудено време, па за да го спречите замрзнувањето на шофершајбната, направете го следново: Неколку гел-вреќички ставете на контролната табла на автомобилот, на тој начин ќе спречите акумулирање на влагата и кондензација во внатрешната страна на шофершајбната. Во зима тие ќе го спречат и замрзнувањето од внатрешна страна. Можеби ќе биде потребно неколку дена за гелот да почне сосема да функционира, затоа не се откажувајте веднаш.

7. Ако сакате да го задржите сјајот на накитот

Во допир со влага, среброто потемнува и губи боја. Неколку вакви вреќички во вашата кутија со накит значително ќе го забави тој процес.

Совет повеќе: Вреќичките со гел кои сè уште не сте ги употребиле, чувајте ги во кутија или сад, кои не пропуштаат воздух.

Објавено:
17 септември 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.051 пати