Неколку начини како да го носите омилениот летен фустан оваа есен

16 септември 2014

Иако ова лето не ни подари многу типични летни денови и не можевме баш максимално да ги уживавме летните парчиња, сега постои начин како да го продолжиме незаменливото чувство на леснотија од летните стајлинзи. Парчето што ќе ви треба за оваа модна егзибиција е лесното летно фустанче или поточно она што ви е омилено.

На среќа уште некое време не треба да го пакувате со летната гардероба, а се што ви е потребно се дополнителни слоеви од облека. Во случај октомври да ни дозволи уште да ги носиме сандалите, секако можете да ги споите со пуловер или есенско палто. Но, друга варијанта ви се и чизмичките до глужд  или ниските елегантни чевли кои секогаш ќе се спојат одлично со многу урбани комбинации.

 

Кога на ваквиот стајлинг ќе додадете впечатлива шапка, модната приказна ќе стане уште позаводлива. Уште една идеја доаѓа во облик на топла јакна која ќе ве заштити од непредвидливите студени моменти.

 

Предлагаме „бојфренд“ модел на тексасна јакна или свилена бомбер која ќе изгледа неодоливо со фустанче од тантела. Неизбежна е и кратката мото јакна без која незамислив е било кој период.

 

Ако пак го сакате бохо стилот, стајлингот во кој ќе изгледате сјајно вклучува масивен шал или марама која лежерно ќе ја префрлите преку рамото. Кошулите фустан можете да ги носите и откопчани, а под нив комбинирајте макси здолниште во прав крој, но и цигара фармерки за шик комбинација.

Објавено:
16 септември 2014
Категорија: 
Направи сам