Неколку начини како да стилизирате миди здолниште

23 август 2014

Една од модно најинвентивните декади, 60-те, на која современата индустрија постојано се навраќа, сезонава повторно ги актуелизираше миди здолништата кои се омилено парче во гардероберот на романтичните дами.

Благодарение на нивната должина, миди здолништата се соодветно парче за речиси секоја пригода: од опуштени прошетки во парк до формален работен состанок. Меѓутоа, клучниот момент е како здолништето ќе го комбинирате во комплетен стајлинг.

Во продолжение неколку инспиративни трикови со кои едно миди здолништето креативно ќе го споите во повеќе впечатливи комбинации.

Црно-белиот спој е класика која останува константа при динамичната промена на трендовите. Црното миди здолниште во А крој, спојте го со едноставна бела маичка и модни додатоци во бледо розова боја.

 

Доколку сакате да играте со боите, тогаш црното здолниште со висок струк комбинирајте го со удобна, широка блуза во сина боја и балетанки во истата нијанса. Доколку сакате да играте со боите, тогаш црното здолниште со висок струк комбинирајте го со удобна, широка блуза во сина боја и балетанки во истата нијанса.

Оваа варијанта е идеална за опуштена коктел забава. Здолништето може да го споите со краток топ со интересен принт, а фокусот нека биде на аксесоарите со поп арт мотиви. Оваа варијанта е идеална за опуштена коктел забава. Здолништето може да го споите со краток топ со интересен принт, а фокусот нека биде на аксесоарите со поп арт мотиви.

 

Ако целите кон елегантен и женствен изглед, тогаш одмерете монохроматска комбинација, па црното здолниште спојте го со краток црн топ. Финиширајте со елегантни чевли и плико чанта. Ако целите кон елегантен и женствен изглед, тогаш одберете монохроматска комбинација, па црното здолниште спојте го со краток црн топ. Финиширајте со елегантни чевли и плико чанта.

 

 

 

 

Објавено:
23 август 2014
Категорија: 
Направи сам