Понекогаш, трендовите и желбата да носиме нешто се едно, но тоа што нам ни прилега на телото е сосема друга работа.
Веќе некое време во модните кругови се најавува враќањето на фармерките и панталоните со низок струк. Повеќето коментари одат во насока на тоа дека ова е еден од трендовите кои не сакаме да се вратат, но има и оние што би му се израдувале.
View this post on Instagram
Без разлика во која група спаѓате, ние во продолжение ќе ви посочиме на неколку совети, со кои следниот пат кога ќе посакате да купите фармерки, полесно ќе знаете дали за вас е најдобар низок, среден или висок струк.
Низок струк
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Ако сакате да ги истакнете колковите, фармерките и панталоните со низок струк се добар избор. Но, внимавајте да ви прилегаат добро, за да не дојдат до израз перничињата од страна. Низок струк е добар за жените кои имаат спортска градба (обемот на градите и колковите не е многу поголем од обемот на струкот). Ако се пронаоѓате во овој опис, внимавајте да изберете модел кој нема да ви „лизга“, па уште повеќе да го нагласи тоа што вие сакате да го сокриете. Затоа, бирајте панталони и фармерки со малку еластин. Исто така, ако спаѓате во групата на високи и слаби и сакате визуелно да додадете малку облини, нискиот струк е добар избор за вас. Ќе направат колковите и задникот да изгледаат позаоблено, ќе ги скратиат нозете, па пропорциите на телото ќе бидат поскладни.
Средно висок струк
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Фармерките и панталоните со средно висок струк се најдобриот избор, бидејќи им прилегаат на сите типови тело. Може да биде и тајно оружје на оние кои сакаат повеќе структура околу струкот или колковите. Можете да носите и пократок и подолг горен дел, поеднакво добро ќе изгледа. На ниски жени, слаби, покрупни, а посебно на пониски и покрупни, фармерките со ваков струк ќе ви помогнат и визуелно да ги издолжите нозете.
Висок струк
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Овој ретро тренд се врати неколку сезони наназад и може да се рече дека е моден класик. Одличен е за комбинации со краток горен дел, или ако кошулата на пример сакате да ја носите вовлечена во панталоните. Жените кои имаат фигура на песочен часовник, прекрасно ќе изгледаат во ваквите модели, бидејќи високиот струк ќе им ја нагласи половината уште повеќе. Ако имате тело во форма на круша (горе потесни, доле широки), панталоните со висок струк можат да направат чуда. Исто така, ги издолжуваат нозете, убаво го обликуваат задникот и прават рамнотежа помеѓу обемот на колкови и висината. Оние што имаат нагласена позадина посебно треба да бараат ваков тип фармерки.