Носете макси здолниште на пет креативни начини

3 јули 2014

6492_suknje_630x0

Макси здолништето е модно парче кое секоја дама треба да го има во својот гардеробер. Не само поради фактот што никогаш не излегува од мода, туку и поради тоа што е мошне удобно и лесно за комбинирање. Харизматичната Крисел Лим инспирирана од креативните начини на кои може да се носи макси здолништето на своите фанови на јутуб им откри пет совети за тоа како на лесен и инвентивен начин може да го вметнат ова модно парче во нивното секојдневие.

За тоа да го направите нема да ви треба ниту игла, ниту конец, само вашето омилено, долго, лелеаво здолниште и модерен ремен кој се ќе држи на место.

Миди-макси

За секси и модерен изглед, направете здолниште кое напред е пократко, а позади подолго. Едноставно предниот дел вовлечете го во појасот и со помош на огледалото наместете се да изгледа совршено на место. Кога ќе бидете задоволни со должината, употребете го ременот за да го осигура делот кој треба да стои повисоко.

Припиено здолниште

За да ги нагласите вашите  облини, одлучете се за трикот по кој ќе направите здолниште кое  ја следи линијата на  телото. Тоа може многу лесно да го постигнете, така што ќе го преклопите здолништето, а вишокот ќе го вовлечете во појасот. Секако повторно користете го ременот за да добиете уште помодерен изглед и нормално да прицврстите.

Ефект кратко-долго

Неверојатно интересен модел на здолниште е уште едно кое  е комбинација од кратки и долги делови. Ова е навистина интересен начин бидејќи можете да си играте со структурата на здолништето и да креирате тоа да има странични џебови. Едноставно вовлечете ја во појасот должината на здолништето така што ќе постигнете ефект некаде да биде пократко, а некаде подолго.

Висок  шлиц

Ако сакате секси шлиц, по примерот на тоалетата која ја носеше Анџелина Џоли, тогаш тоа можете да го добиете буквално за минутка. Повторно со истата постапка. Вовлечете го страничниот преден дел  се додека не го добиете посакуваниот ефект и гордо покажете ги вашите нозе. Лето е па дозволено е да бидете и по малку провокативни.

Лелеав фустан

Секако, макси здолништето може многу лесно стане модерен фустан со топ. Модел кој е идеален за на море. Здолништето е кренето над градите, а струкот нагласен  со ремен.

Во продолжение ѕирнете го и видеото кое детално ги опишува креативните начини како едно макси  здолниште да го носите во пет различни варијанти.

Објавено:
3 јули 2014
Категорија: 
Направи сам