Нови идеи за новогодишни перничиња што ќе го разубават домот

10 декември 2020

Ако сакате со малку инвестиција да направите промена во домот, перниците се едни од магичните додатоци. Со оглед дека сме во празничната сезона веќе, сигурни сме дека веќе го декорирате домот.

И доколку ви е здосадено од едни те исти идеи и украси, ние имаме нови предлози. Мора да признаеме дека понудата на новогодишни перничиња е навистина фантастична - од карирани, до оние со новогодишни мотиви, па се' до класични црвени или зелени.

Но, доколку сте вешти со рацете и имате креативност, можете и самите да создадете уникатно новогодишно перниче.

Идеите во продолжение се токму во тој правец.

 

На еднобојни перничиња можете да додадете фигури на елка, елен, лампиони од друг материјал, така што ќе си направите/испечатите шаблон со помош на кој од контрастен материјал ќе ги оформите фигурите, а потоа или на машина или рачно, или пак со силиконски пиштол ќе ги прицврстите за перничката, односно навлаката.

Можете да искористите и стари копчиња и со нив да направите одлична декорација за перница.

Лентите во различни бои и форми исто така ќе ви помогнат на брз и лесен начин да направите промена. На пример на црвено перниче прицврстете неколку ленти, а потоа на нив додадете пом-пом топчиња и ќе имате фантастично празнично перниче.

А кога сме кај пом-пом топчињата, тие се исто така одлична алатка за оформување декорации.

Дури можете да искористите тантела или миленцата што веќе не ги користите, да ги исечете и прицврстите со штирак и секако конец.

Боите за текстил или пак маркерите се одличен начин да разубавите навлака со натпис или цртеж.

Погледнете ги и останатите идеи во продолжение и инспирирајте се:

 

Објавено:
10 декември 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
4.253 пати