OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Винтаж, од на баба плакарот или наследство од мама, пронајдено на таван... Сето тоа можете да го искористите и да бидете во тренд.

Ако немате инспирација што да им правите на парчињата облека или модните додатоци, еве неколку предлога.

торби

-Пластични торби што вашите баби ги користеле за на пазар (цегери), можете да ги украсите така што ќе протнете марама помеѓу дупчињата или ќе закачите интересен приврзок.

Марама

-Колекцијата марами пак, на вашата мајка можете максимално да ја искористите. Некои од нив, по дезенот ќе ве потсетат на Кензо, Ермес, Версаче. Можете да ги носите врзани околу репчето, или како лента околу главата, лежерно обвиткани околу вратот, или како што напишавме и претходно, како украс за торбата.

Накит

-Накитот е исто така нешто што најчесто се наследува. Гломазните прстени, дрвените алки, пластичните перли, сето тоа и денес е актуелно. Овие парчиња всушност немаат рок на траење. Колку се понеобични, тоа подобро. Идеални се за комплетирање на „бохо“ стилот. Ако сакате да бидете новата Кејт Мос, Сиена Милер или Кејт Босфрот, тогаш овој накит најдобро ќе ви одговара на долг фустан од тенка и мека ткаенина. Мајка ви сигурно го чува фустанот од матурата. Со мали корекции - набори, карнери и слично, ќе добиете нов тренди фустан.

Елек

-Плетените елечиња или оние со реси и нитни се неизоставен дел од старите плакари. Тие можете да ги носите со долги фустани, костими за капење, шорц и подготвени сте за плажа и забава. Во случај да не најдете ништо слично на овие „историски парчиња“, замолете ја баба ви да ви исплете. Потребно ви е само да купите конец, бидејќи идејата веќе ја имате.

 

Објавено:
6 август 2013
Категорија: 
Направи сам