Од пластична IKEA чинија до луксузна кожна чанта
•
30 август 2023
Никој не би помислил дека една луксузна кожна чанта може во себе да крие тајна. Иако финалниот производ изгледа како дело на врвна модна куќа, вистината е малку поинаква.
Внатрешноста, односно базата за оваа чанта е една обична пластична чинија од IKEA.
Зад мајсторската трансформација стои ателјето за кожни изработки Hann, кое покрај онлајн продажба имаат и прилично успешен YouTube канал каде го презентираат процесот на нивните креации.
Во ателјето ќе наидете на чанти, паричници, футроли за клучеви...додека на YouTube ќе погледнете како тоа се прави со помош на секојдневни предмети.
Во видеото подолу ќе видите како од обична пластична чинија од IKEA, со помош на малку лепак, напа кожа, патент и сребрено синџирче се добива модерна мини чанта.