Одберете практички и тренди торби за на плажа

15 јули 2013

Костимот за капење сте го набавиле, тука е и пешкирот, најдобрите креми за сончање се избрани, сега потребна ви е торба во која ќе може да ги соберете сите „ситници“ потребни за ден на плажа.

 

 

Како да одберете идеална торба за на плажа што ќе биде практична, најдобро ќе ви служи и воедно ќе биде модерна? Имајте предвид дека освен место за пешкир и за креми за сончање, торбата што ќе ја понесете на плажа треба да биде доволно голема да ги собере и другите нешта што помалку или повеќе се неопходни – шише вода, книга, списание, очила за сонце, мобилен телефон, паричник, резервен костим за капење, капа, можеби некакви грицки и овошје.

 

 

Се препорачуваат торби од природни материјали, на пример сламена или направена од круто памучно платно, но доколку сте на плажа со деца и со тоа е зголемена можноста торбата да ја извалкате и испркате, попрактично е да одберете модел од пластикаили некоја друга водоотпорна ткаенина.

 

Најчесто торбите за плажа не се долготрајни, ќе ги користите евентуално уште едно лето, па не купувајте скап модели или модел што нема да ви биде жал да го фрлите на крајот од летниот одмор. Доколку треба да пешачите до плажа, наместо обична торба, подобра алтернатива е ранец. Во дуќаните има огромен избор на торби за плажа,  а во нашата галерија нудиме неколку инспиративни идеи.

 

 

Објавено:
15 јули 2013
Категорија: 
Направи сам