Осум начини да носите темна боја и во лето!

27 мај 2014

Доколку сте вљубеничка во темните бои, тоа воопшто не значи дека треба да се откажете од нив и во текот на летните денови!

Секогаш постои соодветен и доволно летен начин да комбинирате парчиња во темна боја со некои посветли со кои ќе им дадете доволно свежина и енергија и истите ќе изгледаат супер.

Ние ви нудиме осум начини и трикови како да ги комбинирате омилените парчиња во темна боја кои што уживавте да ги носите под палтата во текот на студените денови.

Секогаш кога ќе се одлучите за некое такво парче, обидете се остатокот од комбинацијата да ви биде доволно колоритен за да не изгледате дека не ви е удобно во темните парчиња во текот на летото.

Претежно, парчињата од комбинациите што ви ги нудиме се во црна боја, како една од омилените на сите трендсетерки кои што не можат да откажат од неа и во лето.

Погледете ги овие неколку комбинации и инспирирајте се веќе за вашиот утрешен стајлинг!

Објавено:
27 мај 2014
Категорија: 
Направи сам