Осум тајни на фотогеничните жени

15 февруари 2014

Некои жени на секоја фотографија изгледаат убаво! Како им успева тоа? Некои секако, се генетски благословени, а другите знаат како вистински да го искористат фото – апаратот. Фотогеничните жени, професионалните фотографи и професионалните шминкери ви ги откриваат своите тајни.

1.Не треба да се фотографирате под линијата на брадата

На фотографиите фотографирани во анфас или од висината на луѓето, многу поубаво изгледаат. Фотографирањето со малку поткренат фото – апарат ќе ви ги направи лицето и брадата да изгледаат помали од она што се, вели Ким Стентон, фотограф од Јужна Флорида. На тој начин и очите доаѓаат до израз, поради што фотографите на венчавките најчесто стојат на столче додека фотографираат. Кој и да ве фотографира, би требало да биде малку подигнат во однос на вас или барем да го држи апаратот во висина на вашите очи. Така ќе изгледате и послабо.

2.Внимавајте на стомакот

Ако вдишете длабоко за да го вовлечете стомакот, ќе погрешите! На тој начин, рамената ви делуваат како „паднати“ на фотографиите. Наместо да вдишете длабоко, издишете во текот на фотографирањето. Вдишете длабоко кога некој ќе земе фото – апарат и подигнете ги градите, а додека ве фотографираат издишете полека насмевнувајќи му се на фотографот.

3.Поставете ја главата нанапред

Доколку ја поставите главата малку понапред кон апаратот, поубаво ќе излезете на фотографиите. Доколку пак не ви се допаѓа да стоите така, исправете ги рамената и малку накривете ја главата додека не почувствувате затегнување во клучната коска. Тоа ќе има ист ефект како и ако ја истакнете главата нанапред.

4.Избегнете трепкање

Обидете се да не ги затворате очите додека се фотографирате. Гледајте во земја додека позирате, а кога ќе кажат дека се подготвени, погледнете директно во апаратот. На овој начин ќе изгледате свежо, а не уморно и ќе го спречите трепкањето.

5.Истакнете се со шминка

Професионалната шминкерка Мариса Рудолф вели:

„За да ги истакнете јаболчниците, нанесете малку пудра под нив, откако ќе го ставите руменилото. За брадата да не ви изгледа голема, нанесете малку пудра веднаш под неа. За да го прикриете целулитот на нозете пак, користете крема за самопотемнување“.

6.Насмевнете се суптилно, никогаш премногу!

Според њујоршкиот фотограф Питер Харли, комбинацијата на смешкање и благо кревање на јаболкниците, ви овозможува неверојатен изглед. На тој начин ќе изгледате како да имате огромна самодоверба.

7.Протресете ја косата

Доколку имате некој важен настан после работа, косата сигурно ви се отпуштила во текот на денот. Веруваме дека голем дел од девојките најмногу си се допаѓаат со пуштена коса, па пред да се фотографирате, само растресете ја со што ќе и дадете поголем волумен!

8.Истакнете ги добрите страни, а сокријте ги лошите

Секое едно тело е различно од друго, па токму затоа треба да се придржувате до различни правила. Ако имате кратко торзо, немојте рацете да ги држите на половината, туку на колковите или пониско. Ако имате подебели нозе, прекрстете ги ако седите, или застанете сосема право ако стоите, па едната поставете ја малку понапред. Немојте да носите темни работи за да го покриете она што не го сакате кај вас. Носете го она што добро ви стои и во што се чувствувате најубаво!

Објавено:
15 февруари 2014
Категорија: 
Направи сам