Кога ви треба дефиниција за одреден збор, го барате во речник. Кога ви треба совет за здравствен проблем, се обраќате кај доктор. Но, кога не знаете што да облечете, прелистувате модни магазини, а кога се нема доволно време за разгледување во потрага по инспирација тука се модните икони да ви помогнат. Селекцијата на дамите од продолжение, цели на нивниот индивидуалистички стил, сочинет од едноставни, а суштински трикови кои всушност ги прават тоа што се- модни икони.

Никој не може да микса принтови како што тоа го умее Соланж Ноулс. Ако се плашите да споите неколку принт дезени, тогаш подучете се од стилот на Соланж. Дури и оние принтови што сте мислеле дека никогаш не компарираат заедно, по триковите на оваа модна икона ќе го пронајдете вистинскиот начин.

 

 

Ако вашиот стил е помалку конзервативен, потпрете се на стилот на Грејс Кели. Од нејзините стајлинзи ќе заклучите дека доволен е еден уникатен чифт очила за сонце кои целосно ќе ја изменат перцепцијата за вас.

 

Ријана преферира сексапилен изглед, но често може да ја забележиме како тие секси парчиња ги комбинира со спортски јакни. Токму ваквите аутфити прават таа да биде моден индивидуалец, што секако ја прави да биде модна икона.

 

 

Викторија Бекам речиси никогаш не носи рамни чевли. Есенцијалното парче од нејзиниот дамски стил секако се високите потпетици. Тие се клучот зошто таа секогаш изгледа женствено,  дури и да ги споила со обична памучна маичка и фармерки.

 

Топ моделот Кеј Мос едноставно не функционира без најважното парче од нејзиниот плакар, а тоа е култната мото јакна. Ова безвременско парче одговара горе-долу со се.

 

Грејс Џонс низ годините се обележа како јавна личност која носи специјални сценски стајлинзи. Но, тие станаа нејзино обележје и од приватниот имиџ. Кога ќе се спомене нејзиното име, прва асоцијација секогаш се ексцентричните и уникатни украси и шапки што ги носи.

 

Одри Хепберн беше позната по класичниот женствен стил споен со блага доза на момчешки фазон. Дури и да ги обожавате парчињата во машки кроеви, доволен е само туш или црн молив со кој ќе ги истакнете очите и веднаш ќе ја добиете женствената нота од целосниот изглед.

 

Легендарната Ирис Апфел е кралица во носењето аксесоари. Дури и да не ги носите на начинот кој таа го прави, пронајдете го накитот  што ќе ве отсликува вас и карактерот што го носите во себе. Наједноставниот стајлинг, секогаш добива душа со вистинскиот аксесоар.

Објавено:
21 јуни 2014
Категорија: 
Направи сам