Осветлете ја косата со една состојка од вашата кујна

16 јули 2020

Најчестите промени во изгледот се случуваат во лето. Тогаш доминира некоја слобода, а и желбата да се изгледа поинаку и да се избега од секојдневниот шаблон.

Ние денеска ве потсетуваме на еден трик со кој можете да ја осветлите косата во домашни услови, а притоа тоа да го направите на природен начин.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by LUXE COLOR (@luxecolorfr) onJul 16, 2020 at 6:01am PDT

Вашиот сојузник за тоа ќе биде чајот од камилица.

Сварете чај од камилица, оставете нека врие неколку минути. Откако малку ќе се излади, ставете го во шишенце со распрскувач. После шампонирањето, прстнете од чајот од камилица на местата каде што сакате да ја осветлите косата, на пример на врвовите или пак насекаде, ако сакате целосно да направите нијансирање и излезете на сонце.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MyMiniGarden(@mymi.nigarden) onJul 15, 2020 at 11:41pm PDT

 За само една недела ќе забележите промени. Исто така, можете да користите шампони на база на камилица, кој воедно и ќе биде добар за негата на косата, а и ќе го поттикне растењето на косата. Инаку, ова е соодветно за блондинки кои сакаат да ја сменат нијансата, додека кај бринетите, ефектот нема да биде посебно видлив, но можете да се обидете.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by LUXE COLOR (@luxecolorfr) onOct 18, 2019 at 9:27am PDT

 

Објавено:
16 јули 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
494 пати