Оваа есен внесете живост на ракавите на вашите палта

9 септември 2014

Со почетокот на свежите утра, ние дефинитивно од длабочината на нашиот плакар ги извадивме палтата кои обожуваме да ги комбинираме со маички на куси ракави одоздола и удобни фармерки.

Веруваме дека истото е случај и со вас, па денеска решивме на ова must have парче за есента, да му внесеме малку живост!

Оваа сезона, дозволете сѐ да биде во знакот на забавата, па на ракавите од вашето палто, додајте им сосема нова шик димензија.

Во зависност од вашиот вкус и палтата со кои располагате дома, а кои сакате да ги обновите, најдете парче материјал што ви се допаѓа, а што истовремено е сосема позабавен од постоечкото палто.

Особено интересни се светкавите материјали од кои можете да направите вистинска уметност на ракавите. Истите ќе бидат совршени доколку дома имате палто на пруги со кое светките одлично ќе се вклопат.

Во продолжение, погледнете како чекор по чекор да направите уникатна уметност од вашето палто по кое веруваме дека сите ќе полудат!

Објавено:
9 септември 2014
Категорија: 
Направи сам