Пет начини како да носите здолниште

4 септември 2014

Впечатливото миди здолниште e „must have“ парче од неколку причини: е тотално женствено, се комбинира во различни варијанти и за различни пригоди, а паралелно со тоа е и удобно за носење. Убавината во ова здолниште не се должи само на софистицираниот крој кој е одличен за вечерни пригоди кои наметнуваат одреден дрес код, туку е и одличен избор за впечатлив дневен стајлинг.

И оваа есен не ги изоставувајте клучните парчиња кои лесно ќе може да ги комбинирате во разни стајлинзи. Едно од нив е здолништето кое ќе го збогати вашиот изглед без разлика дали ќе се одлучите за едноставен модел или предност ќе им дадете на деталите. Здолништето комбинирајте го со маиците со принтови од музички бендови или пак кошула за лежерен изглед.

Објавено:
4 септември 2014
Категорија: 
Направи сам