Пет парчиња што ќе ви ја издолжат фигурата

9 декември 2015

Сите девојки се во вечна потрага по парчиња што ќе направат нивното тело да изгледа послабо, поради што денеска ви предлагаме неколку токму такви.

Покрај тоа што овие парчиња ќе ви ја издолжат фигурата и ќе направат да изгледате повитки, истите се голем тренд сезонава.

Црн фустан

Веруваме дека во вашиот плакар сигурно имате некое црно фустанче што го облекувате секогаш кога треба за кратко време да направите сигурен и елегантен избор. Доколку сѐ уште не знаете какво да изберете, оваа сезона задолжително набавете си едно до колена во тесна варијанта што ќе биде и одличен избор за новогодишната ноќ.

Фармерки со висок струк

Фармерките не се сметаат за парче што ќе направи чуда за вашата фигура, но ѕвонарките со висок струк навистина можат да ви помогнат во издолжување на фигурата. Токму овој вид фармерки мора да го имате во вашиот плакар, а она што е одлично е тоа што истите можете да ги комбинирате со што и да посакате.

Долг елек

Ова тренди парче е одлично за издолжување на фигурата поради должината, кројот и фактот дека ја нагласува вертикалната линија на силуетата. Покрај тоа, ова парче ќе ги покрие сите несовршени делови на вашето тело.

Здолниште со А – крој

Покрај црниот фустан, здолништето со А – крој е must have парче што секоја жена треба да го има во својот плакар. Како што самото име кажува, овој модел е во А – крој, така што совршено прилега на секое тело и ги прикрива сите недостатоци.

„Цигара“ панталони

Иако сезонава ѕвон фармерките во стилот на 70 – тите се вистинско тренди парче, она што ќе ви помогне да ја издолжите фигурата се панталоните со „цигара“ крој. Комбинацијата на ваквите панталони до глужд со некоја слатка кошулка ќе направи да изгледате навистина супер!

Објавено:
9 декември 2015
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
6.816 пати