Петте најчести празнични стилски грешки!

25 декември 2014

Да бидеме искрени: стилските грешки им се случуваат и на најголемите трендсетерки во светот!

Под притисок да изгледаме совршено на најлудата ноќ од годината, многу често се случува да се „накитиме“ повеќе одошто треба.

За оваа година да немате такви проблеми, ние ви ги посочуваме најчестите пет стилски грешки што секому може да се случат, а често се поврзани со новогодишните комбинации.

Во продолжение, низ фотографии ви прикажуваме на што да внимавате при изборот на вашиот новогодишен изглед!

Грешка број 1.

Иако знаеме дека декември е доста студен месец, доколку за новогодишната ноќ се решивте да носете фустанче во светла нијанса, во ниту еден случај не го комбинирајте со дебели црни хулахопки. Едноставно, доколку тоа е вашата единствена варијанта, комбинирајте го со хулахопки во боја на кожата.

Грешка број 2.

Без разлика на комбинацијата, веќе е вистинско време да заборавите на хулахопките со сјај! Тие дефинитивно не изгледаат убаво во ниту едно комбинација, па секогаш погрижете се да ги замените со некои посмирени тонови без сјај!

Грешка број 3.

Иако е Нова година и време кога сите сакаме да изгледаме убаво, никогаш не го потценувајте декемвриското студено време! Иако веројатно атмосферата ќе ве понесе и нема да почувствувате студ, заборавете на ризикот како фустан без хулахопки за подобар изглед, затоа што не знаете какви непредвидени ситуации можат да настанат.

Грешка број 4.

Знаеме дека сите сакаат да се дотераат и да изгледаат убаво за новогодишната ноќ, но никогаш немојте да си дозволите да облечете нешто што не ви прилега на фигурата. Без разлика што е Нова година, верувајте дека таму некаде за секого има по нешто, па дури и од оние, свечените варијанти!

Грешка број 5.

Сама по себе, новогодишната ноќ е дефинитивно најсветкавата! Тоа не значи дека и вие треба да бидете светкави, туку да ја ублажите! Доколку не можете да се замислите себеси без светкав фустан таа вечер, барем обидете се да имате само едно такво парче во целата комбинација, но никако не сите!

Објавено:
25 декември 2014
Категорија: 
Направи сам