После колку носења да ја перете облеката

9 мај 2016

Веројатно повеќето од вас макар еднаш се запрашале на колку време да перат одредени парчиња облека.

Ние подготвивме една листа, со што можеби ќе ви олесниме:

За жени:

Градници: перете ги после три до четири носења. Од долго носење обликот може да се деформира, а потребни се околу 24 часа за да се врати во првобитна состојба.

Фустани: после едно до три носења, бидејќи се во директен допир со телото и околината. Не нанесувајте преголеми количества дезодоранс, бидејќи оставаат трага на облеката.

Хеланки и тренерки: после едно до три носења. Ако вежбате во хеланки или долен дел од тренерките, тогаш подобро е почесто да ги перете.

Панталони и здолништа: после пет до седум носења, во зависност од составот. Зимските здолништа од твид, волна и сомот можете да ги освежите и само со специјални средства за суво перење.

Фармерки: Исто така, после пет до седум носења.

Џемпери: Од две до пет носења. Џемперите од памук, свила и кашмир треба да се перат после две носења бидејќи ткаенините се прилично чувствителни. Облеката од волна, акрил и полиестер може да издржи околу пет носења. Волната природно одбива нечистотија, прашина и течност. Џемперите што ги носите на гола кожа впиваат пот, па треба да ги перете почесто, како и маиците.

 

За мажи

Фармерки и панталони: зависи од составот. Во просек од пет до десет носења.

Кошули: после секое носење.

Долна облека и чорапи: после секое носење.

Блуза: после две носења. Ако носите маица одоздола, може да издржи и малку повеќе.

Вратоврски: нема посебно временско ограничување, освен ако не ги извалкате.

Џемпери: Од пет до десет носења.

 

Универзално:

Пижами: Менувајте ги два пати почесто отколку што ја менувате постелнината, односно после три до четири носења. Многумина не се свесни колку се потат во текот на ноќта и колку мртви клетки се ослободуваат во текот на ноќта. Свилените пижами впиваат многу повеќе мрснотии од телото отколку памучните.

Маици: после секое носење бидејќи е во директен контакт со кожата.

Блузи: после едно до две носења.

Сакоа и јакни: Нема посебно ограничување. Би било убаво два до три пати годишно да ги однесете во салон за хемиско чистење. А во меѓувреме можете да ги чистите со четка и да ги чувате уредно на закачалка.

Објавено:
9 мај 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
5.131 пати