Празнични декорации со Божиќна ѕвезда

30 ноември 2020

„Поради несреќна љубов, на една ацтечка божица срцето ѝ пукнало. Од капките на нејзиното крваво срце настанала божиќната ѕвезда, односно цветот во огнено црвена боја со зелени листови“, така барем се вели во мексиканската легенда за создавањето на ова растение чие латинско име еpoinsettia, од семејството „Euphorbiaceae“ (со мексиканско потекло).

Ова едноставно, а прекрасно растение е едно од најпопуларните празнични украси речиси во целиот свет. Освен црвените, постојат розови и жолто-бели варијанти на цветот, како и шарени. Но, без разлика за која верзија на Божиќната ѕвезда ќе се одлучите, со својата елеганција и раскошност ќе го разубави секој простор.

Затоа може да биде одличен украс во дневната соба, или пак кујната, но и да биде централен украс на трпезаристката маса.

За празничната сезона, можете да ја ставите во украсна саксија со новогодишни мотиви или пак во лимени саксии, украсени лончиња. 

Совршено се соврпаѓа во карирани панделки или пак со конец од јута.

Може да биде дел од аранжман со други цвеќиња, шишарки, зимзелени дрвца, но и да биде сама доминантна убавица.

Во продолжение погледнете неколку примери за инспирација:

Објавено:
30 ноември 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
10.641 пати