Празнични декорации со цимет и портокал

22 декември 2020

Уште десетина дена од изминување на оваа 2020 година која долго ќе ја паметиме. Веруваме дека декорирањето на домот макар малку внесе веселост во секојдневието и си создадовте празнична атмосфера која зрачи со топлина.

А ако сакате да додадете уште нешто или ви недостасува арома, тогаш ние имаме предлог - декорации со цимет и сув портокал.

Портокалот исечкајте го на тенки парчиња и ставете ги на хартија за печење. Рерната загрејте ја на 170 степени, па печете минимум четири часа. Кога ќе станат со златна боја, а сепак малку флексибилни, тоа значи дека се готови. Ако ги препечете, ќе бидат суви и потемни, а ако не се доволно печени, тогаш ќе имаат уште сок во нив.

Од друга страна, ако имате услови и сакате, можете да ги нанижете или исто така во сад да ги наредите и да ги оставите природно да се исушат.

Со циметот и портокалот можете да си играте на неброено многу начини. Можете да ги искористите за украсување на венец за врата, или пак за декорација со свеќи. Дури и да ги наредите во сад заедно си шишарки или лампиони, ќе изгледаат одлично.

Многумина годинава се одлучија со конец од јута да направат лампиони со овие два украса, па ги украсија елките. 

Исто така, овие две природни состојки можете да ги искористите при декорација на празничната трпеза.

Ние најдовме неколку интересни предлози, а можете да ги погледнете во продолжение:

 

 

Објавено:
22 декември 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
4.389 пати