Решенија за модните дилеми на матурантите

3 мај 2014

1327224835_shopping (1)

При изборот на комбинација за матурската вечер, девојчињата најмногу внимание посветуваат на фустанот. Сепак, иако можеби тој е најпечатлив, изборот на модни додатоци придонесува многу за севкупниот впечаток.

Токму и при нивниот избор е најголемата дилема. Во продолжение ви нудиме совети за тоа како полесно да донесете одлука и со тоа да ја направите вашата комбинација успешна.

Злато v.s Сребро

Monique-Lhuillier-bridal-shoes-spring-2014-collection-8-e1369153040645

Ако фустанот што сте го избрале има метални детали или украси, накитот секогаш бирајте го во истите нијанси - значи злато со злато, сребро со сребро... Доколку пак, креацијата е таква да нема никакви украси од овој тип, самите одберете го накитот. Она во што можеме ние да помогнеме е дека златото ги истакнува земјените нијанси, додека среброто одлично се комбинира со пастелни бои. Чевлите во металик нијанси се избор за речиси сите комбинации, но пожелно е да се соодветствуваат на накитот.

 Обетки v.s Ѓердан

gerdan-obetki

На овој настан можете да си ги дозволите и двете. Но, она што не смеете е комбинирање на масивни, долги обетки со уште повпечатлив ѓердан.  Изберете дел од телото, во зависност од тоа што најмногу сакате да го истакнете - вратот или лицето, па во тој случај намалете ја впечатливста на останатиот дел од комбинацијата. Ако го истакнете лицето, тогаш вратот дека ви биде гол, без ѓердан. Ако сакате да носите ѓердан, тогаш обетките нека бидат ситни.

Обетки v.s украс за коса

obetki-ukras

Некои од девојчињата кога ќе го одберат фустанот, веднаш се замислуваат и со тјара. Но, тој моден детаљ веќе одамна е демоде. Наместо круна, размислете за украсено венче или брош за коса. Но, овие светкави додатоци се комбинираат со помалку впечатлии обетки. Ако направите спој со поголеми обетки од штрас, или камења, ќе изгледате премногу накитено, и кич.

Клач чанта v.s чанта околу рака

klac ili hendi

Ако носите алки, тогаш изборот нека биде клач чанта. Поголемиот број чанти што се носат околу рака имаат толку убава рачка, па накитот може да не дојде до израз. Доколку па, одите на матура без накит околу раце, тогаш нема никаков проблем да ја одберете оваа варијанта. Чантите околу рака не само што се тренди, туку се и практични, а и нема да се грижите дали ќе ја загубите.

Чевли со високи потпетици v.s рамни чевли

stikli-ramni

Иако тука многумина би помислиле дека чевлите со високи потпетици се единствените прифатливи кога се работи за настан од ваков тип, рамните обувки стануваат се поприфатливи. Но, внимавајте, не можете да облечете било што што е без потпетици. Деталите на рамните чевли, како светки, камчиња или панделки ќе ја издигнат вашата комбинација на повисоко ниво, додека пак металик нијансите и впечатливите токи од сандалите ќе направат модел за црвен ќилим. Исто така, имајте го предвид и кројот а фустанот. Ако носите на пример, мал црн фустан како оној на Одри Хепберн, балетанките се полн погодок.

Објавено:
3 мај 2014
Категорија: 
Направи сам