Сакате шопинг, но без пробување облека: Еве неколку совети како тоа да ви успее

3 март 2021

Постојат луѓе кои не уживаат во шопинг и го земаат првото парче што ќе им се допадне. Има и такви кои можат со часови да разгледуваат и да уживаат во испробувањето облека. Но, има и такви, кои сакаат шопинг, но не баш и да чекаат редици пред гардероберите.

Ситуацијата со пандемијата посебно влијаеше на класичното шопинг искуство, па ако се пронајдовте во последната група, ние најдовме неколку интересни и корисни совети како да го избегнете моментот да ја пробувате облеката, а сепак да го купите парчето во вистинската големина.

Панталони и здолништа

Секоја модна куќа има мерки по кои ја изработува облеката, а тие можат да се разликуваат од бренд до бренд. Сепак, постојат два трика со кои можете да го решите тој проблем. Првиот е струкот на панталоните или здолништето да го обвиткате околу вратот. Ако краевите се допираат, тогаш го имате парчето со вистинската големина. Вториот трик е повеќе познат - со подлактицата и раката свиткана во тупаица измерете дали должината на струкот на парчето се совпаѓа со вашата „мерка“.

Блузи и кошули

Како да го измерите ракавот? Многу едноставно. Приклонете го до вашата рака, и растегнете го држејќи го исправена положба. Така ќе видите точно дали должината од шавот на рамениците па до крајот е соодветен на должината на вашата рака.

Ткаенина

За да не згрешите при изборот на облека, бирајте паметно - едноставен крој и материјал кој добра паѓа и кој не ве „оцртува“ односно кој не е транспарентен. Памукот е најчесто најдобар избор, но со парчињата што содржат ликра, бидете внимателни. Доколку се двоумите, подобро земете број поголемо. За крај, подобра опција се темните материјали, особено кога се парчињата со еластин, односно кога квалитетот на материјалот е под знак прашалник.

Обувки

За крај, купувањето може да биде едноставно. Одберете го моделот што ви се допаѓа, а потоа должината на табаните споредете ја со должината на подлактицата. Ова можете да го пробате и дома. 

 

Објавено:
3 март 2021
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.152 пати
Тагови: 
совети шопинг