Шарени филџани за кафе и чај за моменти со лезет

5 мај 2020

Во овој период на изолација посведочивме на многу креативни решенија во различни сегменти. Посебно ни беа интересни оние групи каде што се презентира рачна изработка. Видовме многу интересни начини на правење накит, слики, натписи, дел и ви презентиравме преку нашите содржини.

Меѓу тие, вниманието ни го привлекоа и филџаните за кафе кои ги украсува Теа Пупкова. Таа со помош на маркери и својата креативност создава мали уметнички дела на филџани, тацни, чајници...

Поради нивната колоритност и уникатност нема шанси да не ги забележите.

Ние ќе ви презентираме дел од нив во продолжение, може ќе ви ја поттикнат инспирацијата и сами да создадете нешто или пак да посакате некој да ви подари таков.

Погледнете:

 

 

 

фото извор: @pupkovaa; facebook.com/kreativnica; 

Објавено:
5 мај 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
364 пати