Шишарки во фантастични божиќни декорации

23 декември 2020

Ве потсетиле ли некогаш шишарките со својот изглед на минијатурни елки?

Ова нека биде појдовна инспирација, да си го разубавите новогодишниот амбиент во домот токму со декор во кој ќе вметнете шишарки на различни начини.

А тие различни начини, подразбираат еден мал милион креативни идеи.

Прво тргнете од тоа каква декорација сакате да направите, па според тоа одберете го типот и бројот на шишарките.

Веќе спомнавме дека наликуваат на мали елки, па зошто да не ги обоите во зелена или бела боја, да им додадете светкави детали и да ги аранжирате токму со функција на минијатурни елки.

Може да ги декорирате и како лампиони, како детали од цветен аранжман за на маса или за божиќен венец за врата.

Ако пак шишарките ги комбинирате со сијалички и ги поставите во вазна или стаклен сад, ќе добиете вистинска празнична магија.

Уште неколку фантастични идеи што ќе ја поттикнат вашата фантазија, следуваат во фото галеријата во продолжение.

Фото: Пинтерест

Објавено:
23 декември 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
8.214 пати