Шопинг инспирација од пет парчиња за старт на претстојната есен

21 август 2014

Веќе сме при крајот од месец август, а наскоро ќе биде вистинското време да тргнете во шопинг по основите есенски парчиња. Речиси секоја девојка и жена има дилема околу тоа со што треба да се надополни плакарот за секоја претстојна  сезона, но затоа се тука тенденциите од модните писти кои не насочуваат во решавање на прашањето „Што точно треба да купам“. Во нашата листа од продолжение ќе ги сретнете токму оние што ќе ве освојат, а се само пет. Креациите од писта на Келвин Клајн, Стела Мекартни, Диор, Ермес, Кристофер Кејн и многу други нека ви послужат за инспирација за навреме да бидете подготвени пред да тргнете во пазарење. На пиедестал, позиција уживаат кратките коктел фустани во стилот на 60-тите со богати текстури и принови, потоа следуваат долгите волнени плетени фустани во кои покрај тоа што ќе се чувствувате топло, ќе уживате и во комфор, а истовремено ќе ја истакнете и женственоста.

Louis Vuitton Louis Vuitton

Acne Acne

 

 

Вашиот есенски избор треба да бидат и класичните костуми  кои одат во дводелен пакет од иста текстура, а ќе бидат идеални за вашите деловни комбинации, па’ и за вечерни излегувања.

3.1 Phillip Lim 3.1 Phillip Lim

Не го заборавивме и актуелното „почо“ што се најде од колекциите на Барбери, Етро, Ралф Лорен и многу други, а изгледа едноставно неодоливо.

Roberto Cavalli Roberto Cavalli

Тука се и чизмите над колена, а веруваме дека ве освоија уште од минатата сезона.

Alexander Wang Alexander Wang

 

Доколку тогаш не успеавте да си набавите еден ваков чифт, сега е вистинското време за тоа.

 

Објавено:
21 август 2014
Категорија: 
Направи сам