Што да носите ако имате големи гради

5 мај 2016

Додека едни девојки сè би дале за големи гради, други мака мачат со тоа да најдат вистински градник, но и вистинска облека за нив, костим за капење.

Токму од таа причина следуваат неколку совети за тоа како можете да се облечете ако спаѓате во втората група на жени:

- Кога жена со големи гради ќе проба фустан, првиот впечаток е: „Добро, успеав да го закопчам патентот и фустанот ми ја следи линијата на телото. Но, вториот впечаток е дека често градите се или „сплескани“ или пак изгледаат огромно. Многу често се купува и еден број поголем, поради тоа што дава убав изглед на градите и покрај тоа што грбот и половината не се истакнати. Но, тоа не мора да е проблем. Напротив. Сега се актуелни лелеави фустанчиња, широки и токму еден број поголеми, па тоа што не ви е нагласена половината може да биде само плус. А покрај тоа ќе се чувствувате удобно. Одбирајте лелеави фустани како на фотографијата и нема да имате проблем да си се допаднете сами на себе.

 

- Не можеме да зборуваме за дотерување и облекување без избор на вистински градник. Секогаш барајте таков да е удобен и со поддршка. Не бирајте ги оние со преголема поддршка (пуш ап), бидејќи така ќе изгледа како да имате два пара гради, а тоа не го сакате. Иако знаат да бидат поскапи, сепак инвестирајте во квалитетен и удобен градник, бидејќи тоа е основата за сè понатаму. Градникот треба да ги покрива целите гради и да им даде облик без да создава дополнителни „слоеви“.

 

- тоа што го рековме за фустаните, се однесува и на кошулите. Џабе имате истакнат грб, кога копчињата во предниот дел едвај ви се држат затворени и ви се гледа сè одоздола. Еден број поголема кошула отколку што мислите ќе направи вашето тело, грб и половина да изгледаат многу подобро отколку тесниот крој.

 

- Кога веќе зборуваме за нагласена половина и фустан, најдобар начин жените со големи гради да го постигнат тоа е да бираат фустани со игра на бои. Комбинација на темни и светли нијанси може да направи чуда за вашата фигура.

 

-Носете блејзер што нема да го закопчувате, но сепак ќе го прекрие предниот дел. Блејзерите се идеално парче и за оние што немаат големи гради и за оние што имаат.

 

 

-Сте се запрашале сигурно дали ролката е добар избор за вас. Да, ова парче е едно од класиците што одговара на речиси сите градби, но понекогаш знае и да ги направи градите уште поголеми од тоа што реално се. Секако, подобро е да одберете некоја во потемна боја, тие се идеални, како што се и блузите со V-ираз. Уште еден совет – ако сакате да носите ролка, тогаш нека биде од потенок материјал.

 

Објавено:
5 мај 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
3.318 пати