Што да правите со облеката што веќе не ја носите?

10 јуни 2021

Во овој период од годината сите ги прегледуваме нашите плакари и правиме „чистка“ на новата и старата облека, онаа што сакаме се' уште да ја носиме и онаа веќе не планираме да ја гледаме на себе.

Доколку имате навика да ја оставате старата облека пред контејнер, сепак размислете подобро. 

Модната индустрија е втора по загадување на животната средина, па и секој мал чекор, колку и да ви изгледа бесполезен -  добредојден е.

1.Рециклажа

Облеката не е едноставна за рециклирање, но секогаш може да ѝ се даде нов живот и да се пренамени нејзиното користење. Дали знаете дека топлотната изолација, килимите или тениските терени често се изработувани токму на овој начин. Во големите градски средини постојат специјални контејнери за оваа намена, а добиениот материјал првин се сортира. Постојат и брендови, како „H&M“ кои собираат стара облека, за тоа даваат ваучери на граѓаните да си купат нешто ново, а тие ја рециклираат облеката и создаваат нови парчиња, па доколку наидете на таква опција, искористете ја можноста да направите нешто добро. Исто така, ако сте креативни, од старите парчиња направете чанти или други модни додатоци. 

2. Продажба

Постојат Second Hand продавници кои откупувааат стара, но употреблива облека. Наведете го начинот на одржување и што треба да се знае за парчето облека (што му недостасува). Или пак, организирајте онлајн продажба по симболични цени.

3. Хуманитарни организации

Подарете ја облеката. Можете да ја оставите во Црвен крст или пак хуманитарни организации. Можете да напишете и во некои од фејсбук групите, секогаш постои некому што било каква помош е добредојдена. А исто така, доколку знаете некој што би се израдувал на ваков подарок, спакувајте ги и однесете ги лично.

 

Објавено:
10 јуни 2021
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
254 пати