Што треба секој маж да знае за модата?

29 август 2013

Секогаш играјте на сигурна карта, па дури и кога ја носите вашата омилена комбинација во која сметате дека изгледате феноменално. Секој маж би требало да ги применува следните чекори:

1. Шеширите се супер избор, но сепак одберете таков што ќе одговара на изгледот на вашето лице и стајлингот.

2. Доколку сте страствени спортисти и обожавате да носите дресови, не заборавајте дека тие се сепак на наменети само за на спортските терени.

3. Ранците во различна големина сепак не се чанти и не се наменети за секое излегување.

4. Знаеме дека не сакате да носите чанти и најосновните работи ги носите во мали торби за преку рамо, но сепак тие не се наменети за на работа.

5. V изразот на маиците е добар доколку не се претера. Длабокиот V израз за мажи може да создаде само погрешна слика за вас.

6. Шорцевите до или под колена се одличен избор за летниот период, но кога се претерува во кратењето на должината, дефинитивно нема да изгледате мажествено.

7. Исто така, шорцевите во нормална големина се одличен избор, но не и широките шорцеви кои ќе направат да изгледате катастрофално.

8. Апостолките се носат само за на плажа, кратки прошетки покрај крајбрежје или за до продавница.

9. Доколку сте фан на модните додатоци, добро би било да не претерувате во нивното носење истовремено. Односно носењето на марама, ремен со синџири, една нараквица, наочари за сонце или капа истовремено ќе направи да изгледате како кловн

Објавено:
29 август 2013
Категорија: 
Направи сам