Совети за мажи: како да носите вратоврска пеперутка?

11 октомври 2013

Вратоврската пеперутка не е резервирана само за носење со одело. Својот достоен статус оваа вратоврска го обезбеди многу одамна, но одреден период таа имаше статус на додаток кој се носи само со одело и тоа исклучиво свечено.

 

На среќа, поединци заљубени во модата одлучија да си поиграат со овој моден додаток и да ја направат „пеперутката“, лежерна, интересна и откачена.

 

Модните стилисти од магазинот GO пронашле неколку момци низ улиците на Јапонија, кои на интересен начин ја комбинирале вратоврската во комбинации што не секогаш вклучува одело. Некои од нив класичната црна вратоврска пеперутка ја носат со џинс кошула преку која носат џемпер, други ја комбинираат со парчиња во воен стил, трети со едноставни сакоа, а има и такви што ги носат на дневна комбинација со бела кошула. Како умеат да ја носат „пеперутката“ јапонските вљубеници во модата погледнете од галеријата подолу, па инспирирајте се и вие.

 

Објавено:
11 октомври 2013
Категорија: 
Направи сам