Тексасната кошула ја има главната ролја во различните стилски приказни есенва

10 септември 2014

 

Првата причина зошто тексас кошулата е омилено парче во гардероберот на голем број жени и мажи, е нејзината лесна прилагодливост во различни стилски композиции и во различни пригодни варијанти.

Ова безвременско парче одлично може да се комбинира и во лежерниотбоемски имиџ на хипи девојките, а исто толку успешно да се вклопи и во деловниот стил на жените од корпоративниот свет.  Различните кроеви и нијанси, дозволуваат креативно модулирање со намената на тексас кошулата па така денеска може да ја носите врзана околу струк со тесни фаркерки, а утре уредно закопчана и комбинирана со кожено здолниште.

Следна варијанта да ја носите на работа во комбинација со класичен модел на панталони во црна боја. Со овој стајлинг одлично би се вклопиле темно сини или бели чевли на потпетица или пак, модел на популарните „оксфорд“ обувки.  Мал совет: „Проверете дали добро сте ја закопчале кошулата се до јаката, бидејќи тука одлично би се вклопил некој ултра модерен модел на масивен ѓердан“.

Тексас кошулата изгледа вистински добро и кога е во прашање слоевитото облекување особено во студените зимски денови кога кошулата можете да ја носите раскопчана или пак, врз неа да облечете џемпер на кој ќе му ги завиткате ракавите се до лакотот, така што краевите од кошулата шармантно да ѕиркаат.

Уште еден супер момент кај тексас кошулите е што се достапни во повеќе нијанси на сино. Оваа боја е една од ретките која совршено се комбинира со другите, па така многу лесно ќе им кажете збогум на вашите „модни главоболки“, бидејќи вие ќе бидете одлично средени во секоја прилика. Кошулата одлично се вклопува и со било кој тен на кожата, фризура или пак шминка. Сепак, најдобро оди во комбинација со смели нијанси на кармини.

 

Објавено:
10 септември 2014
Категорија: 
Направи сам