Торта сладолед совршена за летните горештини!

29 јуни 2016

Веруваме дека и вие сте големи обожаватели на сладоледот како и ние, а тој е еден од омилените десерти токму во овој летен период.

Покрај тоа што тој самиот по себе е доволен, верувајте дека уживањето ќе биде уште поголемо доколку го послужите како торта.

Денеска за вас имаме еден супер рецепт за сладолед – торта која се прави побрзо од што можете да си замислите.

Доколку имате повеќе слободно време, тогаш тортата направете ја со домашен сладолед, а овој рецепт што денеска ви го предлагаме е направен со купен сладолед.

Базата на тортата е многу лесна и едноставна, а единствено треба да внимавате на тоа истата да е добро изладена за да не се стопи сладоледот. 

Потребно за тестото:

200 гр. чоколадо за готвење

100 гр. Путер

100 гр. Шеќер

75 гр. Брашно

3 јајца

2 лажици какао во прав

Една лажица екстракт од ванила

¼ лажица сол

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и подгответе ја тавата за печење. Стопете ја чоколадата на тивок оган заедно со путерот. Измешајте го шеќерот, какаото во прав и ванилата, а потоа ставајте едно по едно јајце и брзо мешајте. На крајот, ставете го и брашното, но внимавајте да не ви останат грутки. Печете ја околу половина час и извадете ја откако претходно ќе проверите дали е добро печена со помош на чепкалка за заби. Добро изладете го тестото пред да почнете со сладоледот.

Купете еден сладолед од ванила, еден од јагоди и малку шумско овошје за украсување. Погрижете се сладоледот да биде малку растопен за да може да го распределите по површината на тестото. Прво ставете го едниот сладолед, па замрзнете, па ставете го другиот и повторно замрзнете.

Пред да послужите, украсете со шумското овошје и топено чоколадо по избор.

Пријатен апетит!

Извор: Journal.hr

Објавено:
29 јуни 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.799 пати