Ако пребарувате по Инстаграм фотографии со цвеќиња, како што ние уживаме да го правиме тоа, тогаш веројатно вниманието ви го привлекле торбите  за цвеќе.

Има повеќе видови, повеќето се направени од хартија и се во форма на конус, има и такви што се во форма на четириаголна чанта, а меѓу поновите модели се платнени торби во елипсовидна форма.

Она што е заедничко за сите што имаат рачки, кои го олеснуваат носењето на цвеќето.

Мора да признаеме дека не само изгледаат интересно, овие дизајни се и мошне практични, особено бидејќи при носењето на цвеќето во рака, често знаеме да се извалкаме или да ги оштетиме стебленцата.

На крајот, можете да ги сместите и во плетена чанта односно цегер, исклучително популарен тренд за актуелната сезона.

Ако сте вешти со рацете, можете дури и нешто слично да си направите, од хартија или ткаенина, изберете сами:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Hul le Kes (@hul_le_kes)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Yukari Inaba (@nikoblend)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@avapiperco)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by koko wraps (@kokowraps)

 

 

Објавено:
14 мај 2021
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
611 пати
Тагови: 
цвеќиња торби