Маичките со натпис дефинитивно се едно од омилените и најчести парчиња во плакарот на секоја девојка! Покрај тоа што се апсолутно кул, тие се и едни од најлесните парчиња за комбинирање.
Одлични се за секоја пригода и совршени за подготвување кога немате многу време. Она што е позитивно кај овие шик маички, е тоа што може да се комбинираат апсолутно со сѐ, почнувајќи од едноставни фармерки, па сѐ до интересни здолништа и комбинезони.
Оваа сезона, како впрочем и изминатите неколку, тие се вистински хит и задолжително парче во колекциите на голем број дизајнери.
Покрај во колекциите на светските дизајнери, вакви одлични маички со натпис има и во колекциите на македонските дизајнери.
Модната куќа Елена Лука лансираше целосна линија на маички под наслов „На буквата, на буквата“. Истата предизвика голем интерес кај македонските девојки, што значи дека сите ние сме апослутно заљубени во маичките со кул натписи.
Неодамна, нова колекција со супер натписи промовираа и Омајгад, со што уште еднаш се докажа колку ова парче е омилено кај младите.
Во продолжение, погледнете неколку супер комбинации токму со вакви маички и инспирирајте се веќе за следниот стајлинг!