Три креативни и забавни идеи за украсување велигденски јајца

22 април 2019

Во пресрет на велигденските празници, секогаш е добредојдена идеја повеќе за тоа како можеме да го украсиме домот или велигденските јајца.

Денеска ќе обрнеме внимание на ова второто, па во продолжение ќе видите три понови, креативни и забавни идеи кои сигурни сме ќе ви го привлечат вниманието:

# Велигденски јајца со златна фолија

Потребно: тенка златна фолија, лепак, четка и молив

Украсување: На јајцето првин исцртајте ја фигурата што сакате да ја имате, а истата и на фолијата. Исечете ја фолијата, а потоа на означеното место нанесете лепак за фолија. Со четкичка нежно притиснете ја фолијата. Ќе добиете малку релјефна површина, но тоа нема да пречи, напротив може да придонесе и за подобар ефект. Можете да направите и обратно. Со самолеплива хартија да ја залепите саканата фиура, а остатокот од јајцето да го обвиткате со фолија. Потоа тргнете го стикерот (како на примерот со велигденското јајце со срце) и ќе го добиете посакуваниот резултат.

# Диско велигденски јајца

Потребно: светки/конфети/монистра и лепак

Украсување: Светките ставете ги во подлабока здела. Додека јајцето е сè уште топло нанесете лепак на местата каде што сакате да украсувате, потоа веднаш ставете го во зделата за светките убаво да се залепат. Оставете го јајцето со светки на страна да стегне лепакот и да се излади.

 

# Велигденски јајца во балони

Потребно: балони во различни бои, ножици и силиконски пиштол

Украсување: Јајцата сварете ги и обојте ги во боите што сакате. Балоните надувајте ги малку, заврзајте ги, а потоа долната страна исечете ја. Со силиконскиот пиштол нанесете лепак на врвот и дното на јајцето, а потоа ставете го во балонот со соодветна боја како јајцето. На крај, залепете ги и исечените краеви и имате шарени велигденски јајца како балони.

 

извор: ajoyfulriot.com; goodhousekeeping.com; sugarandcharm.com; 

Објавено:
22 април 2019
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.884 пати