Три рецепти за топло чоколадо во студените денови

27 октомври 2016

Топлото чоколадо и есента едноставно одат заедно. Особено во оние студени вечери кога едноставно сакате да уживате во удобноста на вашиот дом и да се напиете нешто прекрасно и топло.

Денеска ќе ви презентираме три неодоливи рецепти со топло чоколадо кои знаеме дека ќе ги засакате уште во првиот миг кога ќе ги направите.

Топло чоколадо со чили

150 гр.темно чоколадо (минимум 70 проценти какао)

200 мл.млеко

200 мл.слатка павлака

Чили

Цимет

Загрејте го млекото на тивок оган, додајте малку цимет и чили и растопете ја чоколадата внатре. Мешајте добро и внимавајте да не ви изгори или преврие. На крајот, ставете ја и слатката павлака.

Топло чоколадо со ванила и рум

Повторете го процесот од претходниот рецепт, но наместо чили и цимет во млекото, прво додадете малку ванила, па чоколадото и на крајот повторно слатката павлака, а сето тоа заокружете го со малку рум.

Бело чоколадо со лаванда

Користејќи ги истите мерки од претходните рецепти, темната чоколада заменете ја со бела. Цветовите на сушената лаванда ставете ги во млеко и мешајте на оган па на крајот добро процедете го млекото. Вратете го млекото на оган и ставете бело чоколадо додека добро мешате. Додајте слатка павлака по желба сосема на крајот.

Објавено:
27 октомври 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
5.969 пати